Политика за испорака

По извршената online нарачка на производите нa сајтот www.leashop.mk истата се процесира и обработува од продажниот тим на Lea Shop. Купувачот ќе биде контактиран на доставениот телефонски број или email адреса со информации за потврда на нарачката, или откажување доколку нема моментална достапност на одреден производ.

При преземање на производите, купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачи.

Цени за испорака

Испораката за секоја направена нарачка на сајтот  www.leashop.mk е бесплатна за купувачот.

Доколку при испораката курирот не успее да Ве исконтактира на оставената адреса и телефонски број, пратката ќе биде вратена и дополнително ќе се договори повторна испорака, а трошокот за повторна испорака се подмирува од страна на купувачот.

Рок за испорака

Испорака се врши само на територијата на Република Северна Македонија и вообичаено се извршува во рок од 2-7 работни дена.

За време на активни намалувања и попусти, испораката може да трае подолго време од вообичаено.

Политика за враќање и замена

Електронската продавница Lea Shop обезбедува враќање на производи единствено за производите кои се нарачани од www.leashop.mk при следните услови:

  • Доколку производот не е употребуван може да се врати во рок од 15 дена од денот кога истиот е купен, заедно со приложената документација добиена при испораката. Ве молимe да не информирате за Вашето барање на следната email адреса: info@leashop.mk, наведувајќи ја причината за враќањето на производот. Враќањето на производот е возможно само доколку производот не е користен и е со неоштетена опаковка.
  • Доколку при приемот на производот забележите видливи оштетувања на производот, истиот треба да го вратите назад и да нѐ исконтактирате на следната email адреса: info@leashop.mk, наведувајќи го конкретниот проблем со производот. Во најкраток можен рок неисправниот производ ќе биде заменет со нов, а трошокот за испорака ќе биде на сметка на продавачот.

Lea Shop има право да ја менува Политиката за враќање на производи. Сите актуализации или промени ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на  www.leashop.mk .

 

Услови за користење и политика за приватност

  1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата  www.leashop.mk се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.leashop.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).
  2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
  3. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Стопанска БанкаАД Скопје и во целост ќе биде процесирана од страна на CaSys International.
  4. Посетата на Веб страницата e анонимна, а личните идентификациски информации од посетителите се собираат само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци преку пополнување на формуларот за регистрација.
  5. Со користење на Веб страницата, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите оваа страница.
  6. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите за процесирање на Вашата нарачка.
  7. При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

–  име и презиме

– e-mail адреса (адреса за електронска пошта)

–  адреса за испорака на нарачката и адреса за доставување на фактура по ваше барање

– телефон за контакт

  1. Податоците кои ги собираме се зачувуваат и не се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
  2. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.
  3. Веб страницата www.leashop.mk ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
  4. Веб страницата www.leashop.mk може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
  5.  Доколку сте регистрирани на Веб страницата www.leashop.mk, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас, и да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.
  6. Го задржуваме правото во секое време да се направат измени или дополнувања на оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.
  7.  Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната email адреса: info@leashop.mk